Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Повредени 60-тина полицајци, 23-ца во болница – хаос во Милано по протестот за Газа

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Инциденти и хаос во Милано за време на денешните протести за Газа. Ескалацијата е случи на главната станица, каде група демонстранти се судри со полицијата. Момчиња во црно се обидоа насилно да влезат во метрото, пришто е оштетен влезот, а десетици луѓе се повредени. Поради хаосот, „Ла Република“ пишува дека повеќе од еден час возовите ја заобиколуваа станицата Чентрале.

Во судирите се повредени 60-тина припадници на органите на редот од кои 23-ца завршија во болница, а десетина демонстранти се приведени. Итната медицинска помош згрижи и 12 демонстранти на возраст од 23 до 54 години кои учествуваа во протестната поворка.

Насилната група која броеше стотина луѓе користеше апарати за гаснење пожар, а кантите за отпад беа поставувани како барикади, продолжувајќи го фрлањето на шишиња и канистери кон полицијата. Претходно се обидоа да влезат во подземната железница, но полицијата ги спречи на лифтовите со употреба на гумени палки.