Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дронови го нарушија авиосообраќајот на аеродромите во Копенхаген и Осло

/

пред 388 дена

Сподели преку :

Авиосообраќајот на аеродромот во Копенхаген беше привремено прекинат откако беа забележани дронови во близина на пистата, соопшти синоќа полицијата во Копенхаген.

Аеродромот накратко беше затворен за полетувања и слетувања, пренесе ДПА.

„Аеродромот во Копенхаген повторно е отворен откако беше затворен поради активност на дронови“, соопшти Каструп аеродром рано утрово.

„Сепак, ќе има доцнења и некои откажани летови. Патниците се советуваат да се консултираат со својата авиокомпанија за повеќе информации“, се додава во известувањето.

Во меѓувреме, аеродромот во главниот град на Норвешка, Осло, исто така беше затворен откако беа забележани дронови, пренесе утрово норвешкиот радиодифузер NRK. Според операторот Авинор, и аеродромот и воздушниот простор над Осло биле затворени. Летовите кон аеродромот биле пренасочувани, изјави портпаролка на аеродромот.

Аеродромот Каструп во Копенхаген е еден од најголемите во Скандинавија, заедно со Арланда во Стокхолм и Гардермоен во Осло.