Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Семејството на девојчето од Тетово не дозволи обдукција иако обвинителството нареди

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство во Тетово наложи обдукција на седумгодишното девојче од селото Челопек, кое почина по третман во Клиничката болница во Тетово, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Иако наредбата беше јасна, семејството на девојчето не дозволи извршување на обдукцијата, и го изврши погребот на телото. Девојчето било хоспитализирано на 20 септември, а состојбата првично била стабилна. Меѓутоа, по потешкотии при голтањето и преглед од дежурниот лекар, пациентката била префрлена во реанимација каде починала.Директорот на болницата, Ерзен Елези, истакна дека ова е втор случај на пациенти кои добиле терапија без медицински извештај и апелираше до инспекциските и здравствените институции да преземат мерки. Сега останува неизвесно дали наредбата за обдукција ќе биде почитувана или случајот ќе се затвори само со дисциплинска постапка од страна на болницата и Министерството за здравство. Јавноста очекува целосно расветлување на околностите за трагичната смрт на девојчето.