Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Неизвесно е до кога ќе сообраќаат градските автобуси – „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката, на постојките се чека со часови

/

пред 383 дена

Сподели преку :

Овие црвени автобуси сообраќаат по скопските улици, но до кога – останува неизвесно. Откако градот информираше дека добавувачот ја прекинал испораката на нафта, не се знае дали Скопје ќе остане без јавен градски превоз.

Граѓаните чекаат и со часови на постојките, а автобусите се редуцирани, велат тие.

Градот Скопје вчера информираше дека добавувачот на нафта за Јавното сообраќајно претпријатие ја прекинал испораката, а поради тоа ќе поднесат кривична и материјална одговорност затоа што не го почитувале договорот.

Станува збор за компанијата „Пуцко Петрол“, од каде обвинија дека претпријатието дека им должи над 10 милиони евра.

Ова не е прв пат главниот град да остане без превоз.

Поради долгови и неисплатени плати изминатите години на протести излегоа и приватните превозници и вработени во ЈСП. За сега не е најавена седница на Град Скопје на која би се расправало за проблемот.

Симона Петровска

(Видео) Дали главниот град е на работ на колапс во јавниот превоз?