Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни сегашните плати

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски остро ја критикуваше условната казна изречена за докторката од случајот Онкологија, оценувајќи ја како срамна и показател за длабоките проблеми во судскиот систем.

Според него, ваквите одлуки го рушат кредибилитетот на институциите и ја поткопуваат правдата.

  • „Со вакви одлуки, судиите и обвинителите не ги заслужуваат ни сегашните плати, а не пак да бараат повисоки“, рече Мицкоски, објаснувајќи дека најавените реформи во правосудството всушност се сведуваат на барања за зголемување на буџетите и платите, иако довербата на јавноста во овие институции е под 2%.

Тој додаде дека Владата не бега од зголемување на буџетите за судството и обвинителството, но само под услов резултатите да го оправдаат тоа.