Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жителите на Трубарево денеска и утре ќе имаат можност за бесплатен здравствен скрининг

/

пред 382 дена

Сподели преку :

Жителите на Трубарево денеска и утре ќе имаат можност за бесплатен здравствен скрининг, кој ќе го спроведат две медицински екипи од Универзитетската клиника за пулмологија. Прегледите ќе се одржат на отворено и ќе опфатат клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други испитувања, информира Министерството за здравство. Апелот е особено упатен до граѓаните кои чувствуваат проблеми со дишењето по неодамнешниот пожар во депонијата за опасен отпад. Иако според мерењата на лабораторијата „Амбикон“ од Универзитетот во Штип воздухот покажал мало загадување во рамките на урбаниот просек, ректорот Дејан Мираковски предупреди дека петдневно мерење не е доволно за целосна проценка на ризикот. Тој препорача продолжување на мониторингот и дополнителни испитувања на земјата и водите околу локацијата. Министерството за животна средина објави податоци од акредитираната лабораторија „Еуромак“, според кои на денот на пожарот во Трубарево било измерено дури 12 пати повисоко ниво на кадмиум, како и значително загадување со олово и арсен.Обвинителството веќе отвори истрага против сопствениците на фирмата за кривично дело „Загрозување на животната средина и природа со отпад“.