Владата најавува пресметка со корумпирани судии и обвинители по изборите. Премиерот Христијан Мицкоски најави разобликување на судии и обвинители кои, според него, не ја заслужуваат својата плата и се генератори на корупција.
Според него, реформите во правосудството не се суштински, туку се сведуваат на зголемување на буџетите и платите, а Владата ќе бара начини за справување со неправдата и одговорноста.











