Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија треба да застане зад резолуциите на меѓународните организации за осуда на геноцидот и страдањата на Палестинците во Газа

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Од човечки, морален аспект, мора да се изгради еден вид на принципиелна дипломатија и да ја осудите израелската воена агресија во Газа, смета Благоја Атанасовски, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Македонија е толку мала, апсолутно нема да има никакво влијание таа осуда. Но, треба ние да имаме чиста совест во однос на тоа каква надворешна политика и став сме имале во однос на тоа“, вели Атанасовски.

Нашиот однос е лицемерен кон сето она што се случува, рече Мирче Адамчевски, надворешно-политички коментатор, во вечерашната дебата во „Топ тема“.

„Нашиот министер за надворешни работи денеска зборува „да, тоа е неприфатливо, таму има протерување, има убиства. Па, ако е неприфатливо, осуди го. Нека се соберат во Собрание и едни и други и трети и четврти, па нека донесат некоја резолуција или некаков став нека изградат дека ќе ја признаеме Палестина. Не мора да чекаме премиерот да гледа со едното око кон Америка, со другото кон Европската Унија да видиме како ќе биде, па да му рече на Муцунски „знаеш Муцунски, ајде излези надвор и дај изјава дека ја признаваме Палестина. Парламентот нека го решат тоа“, смета Адамчевски.