Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсени тројца пиромани во Прилеп кои намерно предизвикале пожар на дива депонија

/

пред 391 дена

Сподели преку :

Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од Кривичен законик.

Како што информираа од МВР, вчера (25.09.2025) во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава, информираа од МВР.

(Фото/Видео) Пожар во дива депонија во Прилеп