Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два месеца вршел изнуда на пари од жена од странство

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвнителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник за кој постои основано сомнение дека во последните два месеца вршел изнуда на пари од жена во странство.

Изнесувајќи детали за настанот, од Обвинителството наведуваат дека осомничениот телефонски и по пораки на различни апликации ја контактирал жената и ѝ упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат доколку не му исплати сума од 15 000 евра.

„На оштетената и дал рок до 26 септември за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4 500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија“, велат од ОЈО.

Жената пристигнала во земјава на 25 септември и го пријавила осомничениот. Кога дошол на претходно договореното место за да ги земе парите, тој бил приведен. Поради опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавен обвинител предложил притвор за осомничениот 37-годишник.