Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис објектив“: Каква е иднината на текстилната индустрија во Македонија?

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Текстилната индустрија во криза, но дали државата има стратегија за спас на оваа гранка или излезот се гледа во други дејности?

Случувањата во Европа и светот, последниците од тарифите многу други фактори влијаат врз падот во текстилната индустрија. Но, Ирена Јакимовска сопственичка на „Комфи Ангел” вели дека оваа гранка има иднина и во Македонија, но потребна е национална стратегија за спас на текстилната индустрија. Државата треба да се фокусира и на инстант и на долгорочни решенија за да опстои гранката, посочува Јакимовска.

Бројот на вработени во текстилната индустрија во изминатата деценија е преполовен.  Компаниите малку вложуваат во модернизација, а странските партнери користата евтина работна сила, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец во изјава за „Бизнис објектив”.

Има ли иднина за текстилната индустрија во Македонија? – Паѓа бројот на вработени и на извоз?

Како државата може да помогне, гледајте во „Бизнис објектив“ во недела 20 часот со Наташа Стојановска на Телма.