Дел од албанските политички партии денеска упатија повик за фер и коректна изборна кампања во пресрет на претстојните избори. Се очекува секој момент да започне и конвенцијата на Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ.
Во текот на вечерта, и албанските опозициски партии ќе ги претстават своите кандидати пред јавноста. Настаните се одвиваат во атмосфера на повици за почитување на демократските стандарди и политичка коректност.











