Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрово „Стоп за Вардариште“ со нова блокада кај мостот „Близнак“

/

пред 388 дена

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ ја најави следната акција денеска во 7:30 часот наутро. На раскрсницата пред мостот Близнак (кај паркот „Авионче“ во Ново Лисиче), ќе одржи прес-конференција. Од иницијативата се надеваат дека на настанот ќе се приклучат и претставници на останатите институции кои се поканети.

 

Иницијативата нагласува дека депонијата е без ограда, со присуство на отпад и со недоволно обезбедување.  „Стоп за Вардариште“ ги повикува надлежните органи – општините Аеродром и Гази Баба, Град Скопје, ресорните министерства, претседателката и Владата – да излезат со конкретни и итни мерки пред изборите.

Организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и на протестите во 18 часот денеска, нагласувајќи дека ако нема институционален одговор, блокадите ќе бидат засилени.

„Стоп за Вардариште! Стоп за дивите депонии и загадувањето на воздухот!“, порачаа од иницијативата.