Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин потпиша Декрет за регрутација на 135.000 луѓе до крај на годината

/

пред 381 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за мобилизација на 135.000 луѓе на возраст од 18 до 30 години до крајот на годината, пренесува Интерфакс.

„Од 1 октомври до 31 декември ќе биде спроведена регрутација на 135.000 луѓе на Руската федерација на возраст од 18 до 30 години кои не се резерва и подложни се на регрутација во согласност со федералниот закон бр. 53-ФЗ од 1998 година за воена должност и воена служба“, се наведува во документот објавен на официјален интернет портал за правни информации.

Согласно декретот, војниците, морнарите, наредници и подофицери на кои им истече воениот рок, мора да бидат отпуштени од воена служба.

С.Д.