Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Незири: Ако се водиме од проектите што се ветувани и што се реализирани, не верувам дека некоја од политичките партии има со што да се докаже

/

пред 388 дена

Сподели преку :

Тенденцијата на наметнување на национални теми, па и геополитички, глобални теми, на локални избори е многу апсурдна, но најверојатно тие теми се од најголем интерес за граѓаните, изјави Џелал Незири, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Партиите ги прават нивните анкети, можеби се водат од тоа што е најзначајно во последниот период, во наредниот период што ќе биде приоритет и тие теми се нагласуваат. Мислам дека повеќе и ги наметнуваат тие глобални и национални теми за локални избори од причина што само преку нив можат да се освојат т.н. „десни гласови“. Ако се водиме од проектите што се ветувани и што се реализирани, не верувам дека некоја од политичките партии има со што да се докаже“, смета Незири.

С.Д.