Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Ураганот Габриеле ја „потопи“ Ибица – делови од островот без струја

/

пред 380 дена

Сподели преку :

Шпанските острови Ибица и Форментера се опустошени од ураганот Габриеле кој од минатата недела е присутен во Атлантикот. Метеоролошката служба АЕМЕТ попладнево го задржа највисокото црвено ниво на тревога за двата острова.

Видео материјали на социјалните мрежи прикажуваат поплавени улици и автомобили, мотоцикли и контејнери кои ги носи водата.

Пожарникарите на Ибица имаат над 20 интервенции во текот на денот, медиумите јавуваат и за заробени луѓе во нивните автомобили и домови. Според АЕМЕТ, во близина на аеродромот наврнале 74 литри дожд за неколку часа. Делови на Ибица останаа без струја, а паднатите дрвја на улиците дополнително ја отежнуваат ситуацијата.

С.Д.