Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од денеска блокирана американската Влада откако не беше усвоен закон за буџет

/

пред 375 дена

Сподели преку :

Од денеска Американската влада е во блокада откако Сенатот, во кој Републиканците имаат мнозинство, не успеа да изгласа закон за нејзино финансирање, со кој тоа би се продолжило привремено до 21 ноември. Ова последен пат се случи во првиот мандат на Доналд Трамп во декември 2018, кога владата не работеше 35 дена, најмногу во американската историја.

Блокада на владата значи замрзнување на сите нејзини несуштински активности и програми, при што стотици илјади федерални службеници сега се соочуваат со неплатено отсуство или отказ.

Нема јасен пат за излез од ќор-сокакот. Агенциите предупредуваат дека 15. затворање на владата од 1981 ќе го спречи објавувањето на внимателно следениот извештај за вработеност во септември, ќе го забави воздушниот сообраќај, ќе ги суспендира научните истражувања, ќе ги закочи платите на американските војници и ќе доведе до отпуштање на 750.000 федерални работници со дневен трошок од 400 милиони долари. Независните аналитичари сметаат дека затворањето на владата би можело да трае подолго од оние во минатото, при што Трамп и претставниците на Белата куќа се заканија дека ќе ги казнат демократите со намалување на владините програми и федералните плати.