Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти, штрајкуваат во Грција

/

пред 380 дена

Сподели преку :

24 часовен штрајк ќе ја блокира Грција. Нема бродски и железнички сообраќај. Најголемите грчките синдикати на вработените во државниот сектор  и во приватниот сектор , во кој учествуваат и државни службеници, наставници, здравствени работници, морнари, таксисти бараат повлекување на одредбите за уредување на работното време и негово намалување кое предвидува 13 часовно работно време, но и целосно враќање на слободните колективни преговори.

Бродовите денеска ќе останат закотвени на пристаништата, возовите на пероните, а единствено нема да има проблеми во воздушниот сообраќај со оглед на тоа што закажаниот штрајк на контролорите на летање, надлежниот суд го прогласи за незаконски.

Атина денеска е без такси превоз, поради учеството на такси возачите во штрајкот, а проблеми ќе има и во јавниот превоз, со оглед на тоа што метрото, автобусите, трамваите и тролејбусите ќе сообраќаат неколку часа.

Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, студентски здруженија и организации, просветните работници организирани од нивниот синдикат, со што можно е некои училишта да бидат затворени.

Во Солун, во Атина и во други грчки градови за претпладнево закажани се протести.