Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Транспаренси Интернешнл: Барометар на корупција за септември укажува на сериозни институционални пропусти

/

пред 382 дена

Сподели преку :

Во септемвриското издание на „Барометар на корупција“, Транспаренси Интернешнл – Македонија укажува на сериозни институционални пропусти.

Според нивните анализи повеќе од 58% од јавните институции не ги доставиле обврзаните податоци за службените возила до ДКСК, спротивно на Изборниот законик.

Истовремено, ревизијата откри сериозни неправилности во работењето на Министерството за образование и наука, додека сведок во корупциски случај обвини дека обвинителството му го открило идентитетот, со што е загрозена неговата безбедност.

Сериозен аларм стигнува и од Фондот за здравствено осигурување, каде 16 доктори алармираат за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во приватни клиники, платени со јавни средства.

Дополнително, истражувањето покажува дека секој трет граѓанин имал контакт со корумпиран службеник, што дополнително го потврдува системскиот карактер на проблемот.

Во позитивните примери, на извештајот се издвојува електронската игра „Сива зона“ креирана од студенти, со цел едукација против корупција, како и кривичните пријави против шест вработени во „Национални шуми“ и тројца полицајци за штета врз буџетот.

Дигитална обработка: Б.С.