Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велигденска пауза за масовната имунизација против Ковид -19

/

пред 1994 дена

Сподели преку :

Жаклина Чагороска од “Мој термин” во вечерашната Топ Тема потврди дека за време на велигденските празници ќе паузира и ревакцинацијата на граѓаните против Ковид 19 со вакцината Спутник В.

Таа објасни дека тоа се прави во консултација со граѓаните кои побарале нивното ревакцинирање да не биде во текот на празниците.

Што се однесува до пунктовите за вакцинација, тоа ќе зависи од количините со кои тие располагаат. “Ако имаат количини верувам дека ќе работат и ќе ја спроведат вакцинацијата” – изјави Чагороска.

Тие денови се очекува и пристигнувањето на кинеските вакцини и ден или два поминуваат во административните постапки и подготвување на пунктовите.