Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералниот штрајк во Грција го парализираше јавниот транспорт

/

пред 368 дена

Сподели преку :

Транспортните и јавни услуги во Грција се нарушени денеска заради 24-часовниот генерален штрајк против владините планови за воведување 13 часовен работен ден. Штрајкот ги запре возовите, фериботите и такси возилата во главниот град на Грција. Ниту едно такси возило нема да се движи низ улиците на Атина, целосно запрени се и возовите, додека автобусите, метрото, трамвајот и тролејбусите ќе функционираат со намален интензитет.

Штрајкот ја наруши и работата на училиштата, судовите, болниците и општинските служби.
Синдикатите кои ги претставуваат вработените во јавната администрација и во приватниот сектор го закажаа штрајкот, протестирајќи против промените во законот кои ќе овозможат и прекувремена работа, со смени до 13 часа во ден.

Според синдикатите, овие правила ќе ги направат работниците ранливи на злоупотреба од страна на работодавачите. Наспроти тоа, синдикатите повикуваат на работна недела од 37 и пол часови и враќање на договорите за колективно договарање.

„Работниците се изнемоштени. Наместо вработување луѓе, тие се обидуваат да ги натоварат работниците и да ја зголемат возраста за пензионирање. Работниците се во лоша ситуација и невработеноста е на високо ниво. Наместо вработување на нови луѓе да се пополнат позициите, да се намалат обврските и да се задржи петдневната работна недела како што е, владата вели дека е време да се донесат нови штетни мерки против работниците“, вели Елени, која е медицинска сестра.

Т.Д.