Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Орбан: Украина не може во ЕУ, бидејќи едвај стои на нозе, една грешка на моќните играчи може да доведе до светска војна

/

пред 379 дена

Сподели преку :

Само една грешка на големите сили може да прерасне во светска војна, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан во пресрет на неформалниот Самит на Европската Унија (ЕУ) во Копенхаген.

„Не постои рационално пресметлив процент на опасност, туку конфликтна ситуација во која дури и една грепка на моќен играч може да резултира со било што, дури и светска војна“, смета Орбан.

Тој се осврна и на, како што ги нарече, „правните трикови“ кои упатуваат на изнаоѓање на начини за почетокот на преговорите на Украина за членство во ЕУ. Украинското членство се најде на референдум во Унгарија на што унгарскиот народ одлучи да не го поддржи.

Орбан истакна дека Унгарија го поддржува стратешкиот договор со Украина, но не и нејзино членство, бидејќи тоа, според него, би значело „вовлекување на ЕУ во војната меѓу Русија и Украина“.

„Не знаеме каде е нејзината источна граница, не го знаеме бројот на нејзини жители и не може да стои на сопствени нозе“, рече Орбан, оценувајќи дека Украина „не е суверена држава“.

С.Д.