Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Меѓународна флотила бродови со помош се приближува до Газа – тврдат дека во пресрет им одат 20-тина израелски

/

пред 379 дена

Сподели преку :

Меѓународа флотила од 40-тина бродови со хуманитарна помош за Газа се приближува кон палестинската енклава. На патот во меѓународните води во Медитеранот, како што тврдат, во пресрет им одат 20-тина израелски бродови. Асошиејтед прес, од активист на еден од бродови, јавува дека израелската морнарица почнала да ги пресретнува. Израелските воени бродови се доближиле до флотилата и наредиле гаснење на моторите, додава АП.

Учесници во флотилата од Тунис, пак, велат дека израелската морнарица преку радио врска ги предупредила сите капетани на бродовите од флотилата дека продолжување на пловењето кон Газа и обидот да се „пробие блокадата“ ќе биде оценето како кршење, што ќе ги изложи учесниците на ризик од апсење и постапки во рамки на законот, пренесува Ројтерс.

Врските со дел од бродовите во флотилата во меѓувреме се прекинати.

С.Д.