Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија по брза постапка ќе вработува странски медицински персонал

/

пред 379 дена

Сподели преку :

Германската влада усвои предлог-закон со кој ќе се овозможи побрзо и поедноставно вработување на странски медицински кадар, вклучително и стоматолози, фармацевти и акушерки.

Целта е да се реши сериозниот недостиг од здравствени работници, при што постапките за признавање на странски дипломи ќе бидат унифицирани и дигитализирани.

Законот, предложен од министерката за здравство Нина Варкен, сега треба да добие одобрение од парламентот.

Министерката нагласи дека побрзите постапки нема да ги компромитираат високите стандарди за безбедност и квалитет на здравствената заштита во Германија.

Според официјалните податоци, на крајот од 2024 година во Германија биле вработени 68.000 странски лекари без германско државјанство што претставува  рекордна бројка и раст од 6,8 % во однос на претходната година.

Статистиката покажува дека во последната деценија бројот на странски лекари е удвоен, при што над 15 % од вработените лекари се со странски пасош.

Т.Д.