Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин во двата правца

/

пред 384 дена

Сподели преку :

Сообраќајот на магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, кај Самоков, моментно е во прекин во двата правца, откако камион излетал од патот. На патот, како што информира АМСМ, има расфрлани метални предмети што ги превезувал камионот.

Според АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.