Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малолетници меѓу 100 лица кои поседувале дрога, а полицијата ги уапсила во септември

/

пред 384 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од различни полициски организациски единици во текот на септември, во повеќе различни случаи, лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кои поседувале наркотични средства.

Како што соопшти МВР, при извршени лични прегледи и прегледи на возила, кај нив биле откриени и запленети поголема количина марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки.

-Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, хашиш, амфетамин и дробилки, во околу десет различни случаи беа лишени од слобода и беа поднесени кривични пријави против повеќе од 15 лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ, информира Министерството за внатешни работи. 

МВР посочува и дека на Граничниот премин „Табановце“ во септември при влез во земјава, во неколку одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани, исто така биле откриени кокаин, амфетамин и марихуана.

-Исто така, во текот на септември на регионалниот пат Битола – Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана, соопшти МВР.