Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Плаколм и Грашич: Квалификувано мнозинство за побрз влез во ЕУ

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Австрија и Словенија, заедно со Германија и Италија, иницираа промена во начинот на одлучување при пристапувањето на земјите кандидати во Европската унија.

Тие предлагаат воведување квалификувано мнозинство за техничките чекори во преговорите, со цел да се избегнат блокади од билатерална или внатрешно-политичка природа.

Оваа иницијатива, која веќе е доставена до Европската комисија, е поддржана од 16 земји членки.

Австриската министерка Клаудија Плаколм, на заедничката прес-конференција во Скопје со словенечката државна секретарка Нева Грашич и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, изјави дека ова ќе овозможи побрзо и пообјективно донесување одлуки во процесот.

Таа потенцираше дека едногласност ќе биде потребна само за почетокот и крајот на преговорите.

Б.С.