Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стартуваа редовните автобуски линии на приватните превозници

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Oд денеска се враќаат редовните авотбуски линии на приватните превозници – ЈСП уплатило по 6 милиони денари на трите компании. Сепак од компаниите велат дека овие пари се доволни само за две недели и се надеваат дека во меѓувреме на нивните сметки повторно ќе легнат пари за да продолжат да возат редовно.

Потенцираат дека автобусите имаат потреба од редовно сервисирање, како и секојдневно полнење на гориво и затоа за овие трошоци мора редовно да им се уплаќаат средства за да нема  прекин во сообраќајот, односно граѓаните да не чекаат со часови на автоубските станици.

Приватните превозници кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг, кој според нив се приблиижил до три милиони евра. Тие вчера возеа редуцирано од 5 до 10 часот, а од денеска се враќаат со редовен возен ред.