Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, денеска ќе одржат прес-конференција пред Министерството за здравство, изразувајќи револт поради игнорирањето од страна на институциите во процесите на донесување здравствени одлуки… Иако постоел официјален договор за вклучување на Унијата во работните групи, тоа не било реализирано на неодамнешната јавна расправа, се вели во нивната реакција… Претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска, истакна дека ваквиот однос претставува непочитување на сестринската професија и сериозно нарушување на претходно договорените заложби со Министерството… Таа најави дека доколку институциите продолжат со игнорирање на сестринската заедница, ќе следат конкретни чекори и активности… Со пораката „Сестринството бара почит, не симболика“, Унијата порача дека гласот на медицинските сестри мора да биде слушнат таму каде што се носат клучните одлуки за здравствениот систем во државата…











