Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Трамп: Грета Тунберг е толку лута, толку луда, треба да оди на лекар

/

пред 374 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Донлад Трамп додека беше прашан од новинарите во Овалната соба за депортацијата на Грета Тунберг и други активисти кои се обидоа да ја поминат блокадата за да однесат хуманитарна помош во Газа, кажа дека Тумберг е само проблем и има проблем со управувањето на гневот.

-Таа е само проблем, таа повеќе не се гржи за животната средина, таа сега го прави ова? Таа е проблем, има проблем со управувањето со гневот, мислам дека треба да посети лекар. Ако некогаш сте ја гледале таа е како… Млада личност и е толку лута, толку луда, кажа американскиот претседател пред новинарите за Грета Тунберг. 

Според информациите на Ројтерс, израелските власти потврдиле дека протерале вкупно 341 активист, меѓу кои и Тунберг, додека се обидувале со неколку бродови да ја пробијат поморската блокада на Газа. Во понеделникот биле депортирани 171 лице, а синоќа во Атина слетале 161 активист, меѓу кои и 22-годишната Тунберг.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека во групата имало 27 грчки државјани, како и активисти од речиси 20 други земји.

По пристигнувањето во Атина, Тунберг изјави:
„Да бидам сосема јасна. Пред нашите очи се случува геноцид. Никој нема право да каже дека не знаеме што се случува. Никој во иднина нема да може да каже дека не сме знаеле“, рече таа, повикувајќи се на израелските воени операции во Газа.

Грета Тунберг дочекана со овации и аплаузи на аеродромот во Атина по депортацијата од Израел

К.К.