Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Талески една сезона во Вардар, Георгиевски до 2022 година

/

пред 2277 дена

Сподели преку :

ракометниот клуб вардар денеска ги официјализираше трансферите на македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талески.

Од поодамна беше јасно дека Георгиевски и Талески ќе го носат црвено-црниот дрес на Вардар, но клубот денеска објави детали од нивните ангажмани. Левиот бек Талески потпиша едногодишен договор со се уште актуелниот европски шампион, додека Георгиевски ќе игра за тимот од „Јане Сандански“ до јуни 2022 година.

Двајцата по подолго време е враќаат во Македонија по интернационалната кариера. Талески откако си замина од Металург изминатите три сезони играше во Германија за Рајн-Некар Левен и Балинген, додека Георгиевски по заминувањето од металург во 2015 година играше за Тулуз во Франција и букурешт од романија.

Пред неколку дена Вардар ги официјализираше и потписите на хрватските интернационалци Анте Гаџа и Јосип Векиќ, па наскоро се очекува истото и за другите засилувања.

Во Вардар следната се зона ќе играат и францускиот голман Робин Кантегрел, потоа Ловро Јотиќ, Патрик Валчак и Марко Вујин.