Во блиска иднина, Владата има цел да ги замени судиите со софтвер базиран на вештачка интелигенција, ветувајќи дека ќе ја автоматизира и деполитизира правдата. Кармен Коста, угледна судијка, е повикана да ја процени оваа нова постапка. Но кога креаторот на софтверот е пронајден мртов, таа сфаќа дека нејзиниот живот е во опасност и дека ќе мора да се соочи со моќни интереси во највисоките ешалони на државата. Галицискиот режисер Симон Касал ја носи дебатата за границите на вештачката интелигенција чекор понатаму, во возбудлив трилер исполнет со политички заговори.











