Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Куманово застрелан лекар пулмолог

/

пред 368 дена

Сподели преку :

Маж е застрелан во Куманово, во центарот на градот во близина на полициската станица, судот и општината, потврдија за Телма очевидци. Инцидентот се случил пред 14 часот.

Според првичните информации, застреланиот е лекар пулмолог. Бил ранет, а веднаш по првичното згрижување во кумановската болница, повредениот е префрлен на скопските клиники.

Полицијата го блокираше центарот на Куманово поради потрагата по осомничени и за вршење на увид.

Миомир Серафиновиќ

Во Куманово застрелан лекар пулмолог