Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ: Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Во врска со информациите кои денес беа објавени во медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски, од ЕСМ ја информираат јавноста дека ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка.

  • Приведените лица се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата, велат од ЕСМ.

Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба.

Б.С.