Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тепачка пред ресторан во Капиштец, приведени две лица

/

пред 373 дена

Сподели преку :

Синоќа околу 20 часот пред ресторан во скопската населба Капиштец избила тепачка, по што следела полициска интервенција а од слобода се лишени две лица. Инцидентот се случи на паркингот пред угостителскиот објект, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека случајот е пријавен во СВР Скопје, а полициските екипи брзо реагирале по пријавата за нарушување на јавниот ред и мир.Двете приведени лица се во полициска станица, додека истрагата е во тек.Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на мотивите за тепачката, а јавноста ќе биде дополнително информирана за текот на постапката.