Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД испраќа 200 војници во Израел за следење на мирот

/

пред 371 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави вршат дислокација на 200 војници, веќе распоредени на Блискиот Исток, во Израел, со цел координација на операцијата, информираа официјални лица од САД. Американската армија ќе формира т.н. центар за цивилно-воена соработка во Израел, кој ќе опфаќа околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и единици од арапски и муслимански држави, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го следат прекинот на огнот и ќе известуваат за можни повреди на истиот.

Според извештаите на Би-Би-Си, американските претставници наведуваат дека “ниту еден американски војник нема да влезе во Газа”.

Оперативниот тим е предводен од страна на Централната команда на САД, која е со седиште во регионот, и има за цел да го набљудува напредокот на договорот за прекин на огнот, како и да асистира во координацијата на хуманитарната помош.

Под претпоставка дека размената на заложници и затвореници ќе биде успешно завршена, службениците велат дека планот е потоа да се формира т.н. Меѓународна сила за стабилизација, но оваа иницијатива сè уште не е договорена меѓу засегнатите страни.