Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Најмалку 20-тина повредени, двајца во критична состојба – железничка несреќа во Словачка

/

пред 367 дена

Сподели преку :

Повеќе десетици патници се повредени во судар на два брзи воза претпладнево во источниот дел на Словачка, потврдија властите. Несреќата се случила, околу 10 часот, недалеку од градот Рознаве, соопштија словачки железници.

Според полициски извори, во возовите имало околу 80 патници. Локалната ТВ ТА3 пренесе дека се повредени најмалку 20 луѓе од кои најмалку двајца се наоѓаат во критична состојба.

Веднаш е отпочната истрага за причините за несреќата за која, според министерот за внатрешни работи, Шутај Ешток, би можела да биде и човечка грешка.