Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Боки 13 доби 5 години затвор за „Меѓународен сојуз“, ќе промововира документарен филм за „Рекет“ за што има прекин во затворска казна

/

пред 372 дена

Сподели преку :

Бојан Јовановски познат и како Боки 13 е осуден на 5 години затвор во повтореното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ за кривични дела „измама“ и „перење пари“.  Случајот „Меѓународен сојуз“ се однесува на измамата на двајца бизнисмени кои заедно со Боки 13 требало да градат старечки домови.

Второобвинетата Јасна Ерцеговиќ е осудена на две години затвор, додека Христина Блажевска и таткото на Јовановски се осудени на условни казни, а сите се обвинети за помагање при перење пари. Јовановски не дојде на изрекување на пресудата во судницата, а во моментот му е во прекин затворската казна за случајот Рекет.

Јовановски преку социјалните мрежи рекламира промоција на сопствен документарец под име Рекет, а режисер на тој проект е Весна Петрушевска.

За Меѓународен сојуз, Јовановски првин доби 9 години затвор, но Апелациониот суд ја поништи пресудата. Неговиот адвокат тврди дека ќе поднесат жалба и на денешната пресуда.