Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потпишан грант-договор од 600.000 евра за модернизација на преносната мрежа

/

пред 357 дена

Сподели преку :

Потпишан грант-договор меѓу МЕПСО и Француската агенција за развој, во вредност од 600.000 евра. Со договорот се овозможува дополнителна техничка поддршка за развој и дигитализација на националната преносна електроенергетска мрежа.

Средствата ќе бидат наменети за подготовка на нови проекти за модернизација на инфраструктурата, со фокус на дигитални решенија кои ќе го унапредат капацитетот, безбедноста и ефикасноста на системот за пренос на електрична енергија, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во соопштението се вели дека ова претставува важен чекор во насока на енергетската транзиција и усогласување со европските стандарди. Од МЕПСО нагласуваат дека соработката со Француската агенција за развој претставува стратешко партнерство кое ќе продолжи и во иднина, со цел унапредување на енергетскиот сектор и создавање посигурна и одржлива енергетска иднина за граѓаните на Македонија.

T.Д.