Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бошњаковски: Ме радува што немаше инциденти, она во Куманово излезе дека нема поврзаност со изборниот процес

/

пред 370 дена

Сподели преку :

Она што ме радува е што немаме инциденти, какви што не доликуваат на една добра демократија. Тоа што се случи во Куманово добро е што брзо се реши и испадна дека нема никаква поврзаност со изборниот процес, рече Миле Бошњаковски, консултант за стратешки комуникации, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Ме радува што на три дена пред изборен молк немаме инциденти што се несвојствени за модерни демократии. Кампањата би ја поделилна два дела – на визуелен идентитет и на комуникациски пораки. Овие избори, исклучително е јасно, пресечено е со нож, дека комуникациските пораки на партиите доминираат на социјалните мрежи и тие се пренесуваат кон гласачите, кон јавноста преку социјални мрежи. На традиционалните медиуми, тоа веќе партиите веројатно го виделе, се пласира онаа визуелна компонента, на некои туристички спотови, колку нѝ е убава Македонија“, рече Бошњаковски.

С.Д.