Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доцни септемвриската плата во „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Вработените во јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“ вчера не ја добиле платата за септември.

Со нередовна исплата и доцнење од неколку недели се соочија повеќепати досега и јавно го изразија револтот, а сега се пред одлука – дали повторно да стапат во штрајк или да ги блокираат влезовите на фирмите.

Од СУТКОЗ најавуваат и дека од новото раководство на Град Скопје ќе побараат нова методологија за финансирање на ЈП „Паркови и зеленило“.