Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лазаревски од Коалиција Искуство за успех ЛДП: Студентски и културен дом за младите во Аеродром

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Локалните избори се наближуваат, a кандидадите за градоначалници на Општина Аеродром со низа идеи за развој и модернизација. Предизборна дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром во Топ Тема -Марјан Димитриев – Левица, Дејан Митески – Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски – Коалиција предводена од СДСМ, Дејан Лазаревски – Коалиција Искуство за успех ЛДП, Владимир Михајловски ТМРО.

Kандидатот од Дејан Лазаревски од Колација Искуство за успех ЛДП ветува дека Аеродром ќе добие нов студентски и културен дом, како и дека ќе се прават напори и заложби за подобар ноќен живот за младите. Решавање на прашањето со старите лифтови на зградите, спортски сали, монтажни и катни гаражи се дел од ветувања.

„Проблеми со кои се соочуваме сите, како што е сметот, потребно е да се направат подземни контејнери, многу од жителите во Аеродром имаат проблеми со старите згради, немаат лифтови за кои јас ќе се залагам да се направат. Потоа да се реши проблемот со паркингот, преголем проблем има со тоа, да се направат катни гаражи и монтажни гаражи кои мора да се направат во најкратно можно време. А за спортот ќе се залагам да се направат нови спортски сали каде младите талентирани спортисти ќе тренираат и ќе се спремаат и ќе го покажат својот талент. Ќе се залагам за младите да се направи студентски дом, да се направи културен центар и да се залагаме да се подобри ноќниот живот за младите кој е на многу ниско ниво“, изјави Дејан Лазаревски од Коалиција Искуство за успех ЛДП.

Т.Д.