Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НОМАГАС: Денеска се очекува стабилизација на испораката на гас

/

пред 355 дена

Сподели преку :

Привремениот прекин во испораката на природен гас кон Македонија е резултат на планирани ремонтни активности на регионалните гасоводи во соседството и се очекува нормализација на снабдувањето веќе од денеска соопштуваат од НОМАГАС.

Од компанијата посочуваат дека најавите од ЈСП Скопје за евентуални рестрикции во возниот ред треба да се земат со резерва, бидејќи досега немало нарушувања во функционирањето на јавниот превоз.

Од НОМАГАС нагласуваат дека ремонтот трае од 13 до 17 октомври и не е под нивна надлежност, бидејќи се работи за гасоводи надвор од македонска територија. Од ЈСП пак вчера информираа дека прекин во испораката на природен гас кон Македонија, можно е да има отстапувања од редовниот возен ред на автобусите.

Порачаа дека известувањето го добиле од компанијата НОМАГАС АД Скопје, според која испораката на гас ќе биде во прекин до 17 октомври. Порачаа дека овој прекин може да има влијание врз дел од возилата кои користат природен гас, и со тоа и врз јавниот превоз.

Т.Д.