Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел врати 45 тела на Палестинци во Газа, меѓу кои и тела на лица кои починале во израелски затвори

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Израел врати 45 тела на Палестинци во Газа, меѓу кои и тела на лица кои починале во израелски затвори. Овој чекор доаѓа во време на зголемени тензии – Израел се заканува дека ќе ги продолжи нападите врз Газа доколку Хамас не ги врати сите тела на загинатите израелски заложници.

Хамас возврати дека не може веднаш да ги лоцира телата поради уништувањата во енклавата. Во Газа, семејствата на загинатите со денови се собираат на граничните премини во надеж да ги пронајдат своите најблиски.

Лекарите кои работат на идентификација на телата предупредуваат дека многу од нив се во напредна фаза на распаѓање и покажуваат траги на малтретирање.

Т.Д.