Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МКС очекува апсење на Путин од унгарските власти на евентуален самит со Трамп во Будимпешта

/

пред 363 дена

Сподели преку :

Меѓународниот кривичен суд (МКС) очекува апсење на Владимир Путин од унгарските власти, доколку рускиот претседател отпатува во Будимпешта на Самит со неговиот американски колега, Доналд Трамп, објавија холандските медиуми.

Земјите-членки на Статутот на МКС се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење, кои важат и за Унгарија и за соседните земји, кои Путин очигледно би морал да ги заобиколи, се наведува во соопштението на судот.

Унгарија изрази подготвеност да биде домаќин на Путин и на Трамп на состанок кој би можел да се одржи во наредните две недели. Официјална Будимпешта објави дека се повлекува од МКС, но мора да ги почитува одлуките на судот до средината на следната година. Сепак, унгарскиот премиер Виктор Орбан, исто така, беше домаќин на својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху, чие апсење исто така го нареди судот.

МКС не го споменува Путин по име, но нагласува дека земјите-членки се „правно обврзани“ да соработуваат.

„Покрај тоа, тие им го должат тоа на другите 124 земји-учеснички“, истакнува судот со седиште во Хаг. Дали една земја-членка се согласува со одлуката на МКС или не, според судот, е прашање исклучиво во надлежност на судот.

Путин во последните години поретко патува во странство – од пандемијата на коронавирусот и инвазијата на Украина – и се чини дека останува дома уште повеќе откако е издадена потерницата. На пример, тој ги пропушти самитите на БРИКС во Јужна Африка и Бразил, кои ја признаваат надлежноста на МКС.

Сепак, ова лето тој отпатува во Алјаска за да се сретне со Трамп. САД, исто така, не се членка на МКС.