Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп бара од Врховниот суд на САД да дозволи распоредување на Националната гарда во Чикаго

/

пред 369 дена

Сподели преку :

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера побара од Врховниот суд на САД да дозволи распоредување на Националната гарда во Чикаго.

Трамп претходно овој месец објави дека ќе испрати стотици војници од Националната гарда во третиот по големина град во САД за борба против криминалот и заштита на федералните полицајци.

Сепак, федералниот суд го замрзна распоредувањето на трупите, велејќи дека нема доволно докази дека имало вооружено востание во државата Илиноис, каде што се наоѓа Чикаго. Апелациониот суд ја потврди таа одлука во четвртокот.

Поради оваа причина, владата го однесе случајот до Врховниот суд.

Трамп со недели сакаше да ја распореди Националната гарда во Чикаго, како што направи со Лос Анџелес, Вашингтон и Мемфис.

Националната гарда е составена од армиски резервисти кои се користат за справување со природни катастрофи и кои можат да бидат испратени да се борат во странство.