Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК: Излезност до 9:15 часот – 3% на ниво на држава

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија соопшти дека до 9:15 часот утринава, излезноста на гласачите на ниво на цела држава изнесува околу 3%.

Излезноста ќе се објавува на секои два часа, со посебни податоци за секоја општина.

Гласачките места беа отворени навреме во 7 часот, и изборниот процес се одвива без поголеми проблеми.

Исклучоци се забележани во Куманово, каде поради прекин на електрична енергија гласањето се спроведува без уред за биометриска идентификација, со употреба на УВ спреј и ламба.

Слична ситуација има и во Штип, каде поради технички проблеми се користат резервни уреди и смарт-картички.

Од страна на Управниот суд одбиена е тужбата на политичка партија која бараше поништување на избори поради глас на починато лице.

Државната изборна комисија донесе одлука сите гласови за оваа партија за Советот на Град Скопје да се сметаат за неважечки.

Вчерашното гласање за болни и немоќни лица, како и во казнено-поправните установи, се спроведе непречено информира ДИК.