Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Кржаловски: Очекувана победа на ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот блок, Влен со повеќе градоначалници, ДУИ со повеќе советници во албанскиот блок

/

пред 365 дена

Сподели преку :

Првиот круг на локалните избори мина во рамки на очекуваното, беше очекувана победа на ВМРО-ДПМНЕ и да биде изразена со поголема разлика од она што беше претходна состојба, 42,17, и тоа и се случи, смета Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Неочекувано беше дека толку голема ќе биде, но да видиме како ќе заврши со конечните бројкиза градоначалници во вториот круг“, додаде Кржаловски.

Што се однесува до албанскиот блок, како што рече Кржаловски, „генерално се предвидуваше неизвесна трка“.

„Резултатот е многу поголем за ВЛЕН во градоначалничките трки кои генерално се гледа дека најмногу се вреднуваат. И впечаток е дека е убедлива победа на ВЛЕН, иако е само 5:4 според избрани градоначалници во првиот круг и 3:1 водство за вториот. Од друга страна, мислам дека ДУИ има повеќе гласови, повеќе советници, но тоа е утешна награда за она што беше наратив“, истакна Кржаловски.

Тој додаде дека Левица имаше „некој мал раст“, но според него, е далеку од СДСМ.

„Сепак се половина, не се блиску до СДСМ по број на советници и гласови. Така да, не е баш така како што очекуваа тие. За Скопје беше очекувано да се оди во втор круг“, е заклучокот на Кржаловски во генералната оценка за првиот круг на локалните избори.

С.Д.