Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пламна рафинерија на МОЛ во Унгарија, гореше и на Лукоил во Романија – сомнежи за саботажа на Киев, Орбан најави истрага

/

пред 359 дена

Сподели преку :

Постепено се враќаат во функција погоните во рафинеријата „Дунав“ на унгарската нафтена и плинска компанија МОЛ кои не претрпеа штета во пожарот што избувна ноќеска. „Ројтерс“ пренесува дека на лице место сè уште се наоѓаат противпожарни екипи.

„Пожарот е ставен под контрола“, пренесуваат од компанијата и додаваат дека паралелно се работи и на обезбедување на подрачјето. Во тек е истрага за причините и проценка на настанатата штета. Во инцидентот, за среќа, нема повредени.

Медиумите во Унгарија пренесуваат сведоштва на граѓани кои велат дека слуѓнале експлозија пред пожарот. Рафинеријата „Дунав“ е една од најважните постројки за преработка на нафта во Унгарија.

Унгарскиот новинар Саболц Пањи пишува дека пожарот во „Динав“ се случил по само неколку часови од експлозијата во рафинеријата на Лукоил во романскиот град Плоешти. Идентична објава има и од украинскиот истражувачки новинар Анатолиј Шариј, критичар на претседателот Володимир Зеленски.

„Постројката на МОЛ, најголема и најмодерна во Унгарија, прима руска нафта преку нафтоводот Баратсаг. Романската постројка припаѓа на руската компанија Лукоил и има годишен капацитет од 2,5 милиони нафта, што ја прави еден од најголемите во Романија. Киев сфати дека спроведувањето на саботажи во Европа е сигурно и оти никој нема да биде казнет, па отиде чекор натаму. Што е следно, бомбардирање на политичките противници?“, објави Шариј.

Претпладнево се огласи и унгарскиот премиер Виктор Орбан кој истална дека разговарал со челните луѓе на МОЛ и порача дека снабдувањето со нафта во земјата е стабилно.

Рафинеријата „Дунав“, која започна со работа во 1965 година, годишно може да преработи 8,1 милиони тони сирова нафта Заедно со другата рафинерија на МОЛ во Словачка, главно се снабдува со руска нафта преку јужниот крак на нафтоводот „Дружба“.

По веста за пожарот, акциите на МОЛ паднаа за 1,7 отсто.

С.Д.