Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ако го анектирате Западниот брег, ја губите сета поддршка од САД – Трамп со порака до Израел

/

пред 357 дена

Сподели преку :

Израел ќе ја загуби сета поддршка од САД ако продолжи со анексијата на окупираниот Западен брег, порача американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа нема да се случи. Нема да се случи. Нема да се случи, бидејќи им дадов збор за арапските земји. И тоа не можете да го сторите. Имавме голема арапска поддршка. Израел би ја загубил сета поддршка од САД ако се случи тоа“, рече Трамп во интервју за магазинот „Тајм“.

Идентични пораки испратија и потпретседателот на САД; Џеј ди Венс и американскиот државен секретар, Марко Рубио кои остро го критикуваа потегот на израелскиот парламент кој симболично покрена процес за анексија на окупираниот Западен Брег, пренесува „Би-Би-Си“.

По завршување на посетата на Израел, Венс го нарече потегот „многу глуп политички трик“. Рубио, пак, пред патување за Израел предупреди дека анексијата би можела да го загрози мировниот план на претседателот Трамп за завршување на војната во Газа.